По повод „16 ОКТОМВРИ СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЗДРАВА ХРАНА“, ООУ КРСТЕ МИСИРКОВ, организира отворен ден со родители и ученици на тема: „МАКЕДОНИЈА – РИЗНИЦА НА ЗДРАВА ХРАНА“ на ден 17. 10.2016 во периодот од 11:30 до 12:30 часот.
Беа поставени штандови со здрава храна која потекнува од Р. Македонија а на паното беше изработена и истакната карта на Република Македонија со видови храна кои се карактеристични за различни предели.
Секое одделение имаше своја задача што да подготви за активноста. Имено
I одд. - грозје
II одд. - лешници,ореви
III одд. -зачини
IV одд. -пченка,сончоглед,семки,пуканки,леблебија
V одд.-слатко,мармалад
VI одд.-чаеви
VII одд.-сокови цедени
VIII одд.-сендвичи
IХ одд. –тиква.
На штандовите покрај здравата храна доминираше и креативноста на нашите ученици.
Активноста беше посетена од група од градинката „25 - Мај“- клон Сонце, при што се одржа и предавање за здравата храната во регионите низ Р. Македонија.
Активноста беше посетена од голем број ученици и родители.