Благодарница 2016


На ден 21.10.2016 год. претставници од ООУ„Крсте Мисирков“ - Скопје присуствуваа на настанот во куќата на Мајка Тереза при доделувањето на БЛАГОДАРНИЦА за успешна соработка во хуманитарната акција.

Од училиштето беа присутни тројца ученици од предметна настава и една ученичка од одделенска, придружувани од две наставнички една од предметна и една од одделенска настава.

Учениците од нашето училиште имаа можност да ја покажат својата хуманост земајќи учество во акцијата на собирање метални монети со кои направија круг кој беше симбол на хуманоста и делото на Мајка Тереза.

По тој повод и нашето училиште присуствуваше на манифестацијата при доделување на благодарници.