Тридневна екскурзија 2016


Рекреативната екскурзија со учениците од IX одделение се изведе на 26, 27 и 28.10.2016 година низ Западна Македонија. На три дневната екскурзија патуваа вкупно 93 ученици од паралелките IX-1 ,2,3,4. Првиот ден се патуваше преку Тетово, Гостивар и Дебар. Посета на Мавровското Езеро, националниот парк и планината Бистра, Реканскиот крај, манастирот Свети Јован Бигорски, женскиот манастир во с. Рајчица, панорамско разгледување на кањонот на реката Радика, Дебарските езера, хидроцентралата Глобочица, Шпиље, како и посета на Вевчанските извори. На пат кон Охрид ја посетивме и Струга каде го посетивме Природнонаучниот музеј.
Вториот ден посета на Заливот на коските, манастирскиот комплекс Свети Наум, Охридската стара чаршија.
Третиот ден посета на Самоиловата тврдина, Плаошник, црквата Свети Јован Канео, Света Софија, а потоа се упативме кон Скопје, преку Кичево со попатен одмор на познатата Стража, Гостивар ,Тетово – Скопје.