Ден на општината 2016


По повод Денот на општината во салата на Советот се одржа свечена седница по повод 40 годишнината на општина Гази Баба. Претседателот на Совет Милан Андоновски ја отвори Седницата и се обрати пред присутните, а свое обраќање имаше и градоналникот Тони Трајковски. На свечената седница беа доделени награди за ликовни и литературни творби.

За литературни творби од нашето училиште наградени беа следните ученици:

- Драгана Ѓеоргиева од ООУ „Крсте Мисирков"
- Теона Бошковска од ООУ „Крсте Мисирков"

А за ликовни творби наградени беа учениците:

- Ана Паневска ООУ Крсте Мисирков

Градоначалникот Тони Трајковски додели стипендии за учебната 2016/2017 на следните талентирани ученици од општина Гази Баба:

1. ООУ Крсте Мисирков- Кристина Матеева
2. ООУ Крсте Мисирков- Сара Тошевска
3. ООУ К.Мисирков-Мерис Зверотиќ