По повод одбележувањето на Патрониот празник на нашето училиште на ден 14.11.2016 година, Тимот за меѓуетничка интеграција од нашето училиште и од ООУ „25 Мај“ заедно со учениците од двете училишта со различен јазик и религија изработија свои лични трудови. Учениците беа распоредени во две мешани групи и истите работеа на два посебни труда. Темата беше „Македонија, наша татковина“ и на истата учениците од едната група изработуваа хамер, а учениците од другата група книга. Оваа заедничка активност кај учениците и наставиците предизвика посебна соработка и дружење, а воедно и беше многу корисна и ефективна.