По повод патрониот празник на училиштето ООУ Крсте Мисирков на 14.11.2016 година за почнаа активностите од отворената недела на училиштето. Првата активност ја спроведе тимот за меѓуетничка интеграција од нашето училиште и од ООУ „25 Мај“ заедно со учениците од двете училишта со различен јазик и религија изработија свои лични трудови. Учениците беа распоредени во две мешани групи и истите работеа на два посебни труда. Темата беше „Македонија, наша татковина“ и на истата учениците од едната група изработуваа хамер, а учениците од другата група книга. Оваа заедничка активност кај учениците и наставиците предизвика посебна соработка и дружење, а воедно и беше многу корисна и ефективна Втората активност која се организираше во попладневните часови со почеток во 16 часот беше кусата програма подготвена од страна на нашите најмали, учениците од прво одделение, кои пред своите родители се претставија со неколку рецитали, музички изведби, драматизацијата „Дедо Медо и крушата“ како и балетска точка со која измамија воздишки на восхит.