На 15.11.2016, вториот ден од одбележувањето на патрониот празник го одбележаа активностите: Еко – работилница, и литературно творење за нашиот патрон од страна на третоооделенците во нашето училиште. Со почеток во 12:00 часот учениците од одделенска и предметна настава под менторство на тимот Еко – одборот твореа на тема TRASH ART. Поделени во две групи имаа различни задолженија. Првата група изработуваше облека од материјал за рециклирање а втората група дизајнираше облека изработена од различни материјали. Креативноста на нашите ученици е за восхит. Финалните продукти мамеа насмевки и воздишки на присутните родители и посетители на активноста. Во попладневните часови учениците од трето одделение одржаа литературно читање и творење за нашиот патрон.Темата беше-Ликот и делото на Крсте Мисирков,,Учество во работилницата земаа ученици од активот на третите одделенија заедно со нивните наставнички и родители.На крајот учениците ги изложија своите творби на училишните паноа.