Трет ден – Патронат 2016


На 16.11.2016, третиот ден од одбележувањето на патрониот празник го одбележаа активностите: Литературно читање и моделирање на ликот и делото на Крсте Мисирков.

Со почеток во 12:00 часот учениците од литературната секција учествуваа на литературно читање каде ги презентираа своите лични творби како и средба со писателката Жаклина Трпевска која говореше за предизвиците и убавините на пишаниот збор.

Наградени ученици се: Јована Ангеловска, Ангела Поповска и Тамара Стојанова.

Во попладневните часови учениците од второ одделение одржаа работилница: моделирање на ликот и делото на Крсте Мисирков заедно со своите родители а под менторство на нивните наставници.

Вредно работеа заедно со своите родители и изработија модели од глина и пластелин на високо ниво.