На 20.12.2016 год. учениците од петто и прво одделение учествуваа во контактно–образовната емисија „Голем одмор“ како и хорот, оркестарот, и учениците кои учествуваат во еколошките активности. Учениците се претставија со разновидни содржини: балет, драматизација, квиз на знаења, креативна работилница, еко модна ревија, настап на оркестарот и хорот на училиштето.