Соработка со АРМ 2016


Посета и донација од единицата батаљон на „Воена Полиција“ – бВП - составен дел од АРМ.

На 26.12.2016 година нашето училиште беше посетено од претставници на Армијата на Република Македонија, единицата Батаљон на „Воена Полиција“ – составен дел од АРМ, која одигра клучна улога во справување со кризата предизвикана од елементарната непогода: поплава, која го зафати регионот во кое се наоѓа нашето училиште а голем број од нашите ученици беа зафатени од истата.

На учениците им се обратија високи претставници од АРМ, бригаден генерал Зоран Милевски, генрал Орце Јордев и потполковник Васко Коколански, претставувајќи ја улогата и задачата на армијата. Нашите ученици ги поздравија со пригодни новогодишни песнички. Учениците се дружеа со претставниците на АРМ, им постауваа прашања а претставниците на Армијата ги почастија со нивната донација: сокчиња и чоколади.