Спортски активности 2017


Во периодот од 25 – 31 јануари 2017 година, во новата сала учениците од ООУ Крсте Мисирков одделенска настава учествуваа на спортски активности. За учениците од III, IV и V одделение беа организирани и спроведени меѓуодделенски натпревари во кошарка, а за учениците од I и II одделение спортски штафетни игри во чија основа се кошаркарските елементи. Активноста беше реализирана во заедничка соработка со спортскиот кошаркарски клуб MВП.

25.01.2017 – III одделение

26.01.2017 – IV одделение

27.01.2017 – V одделение

30.01.2017 – I одделение

31.01.2017 – II одделение

Натпреварите и игрите беа вистинско освежување за учениците кои ја посетија и уживаа во погодностите што ги нуди новата сала.

Радоста и насмевките на нивните лица изобилуваа. Во училиштето се чувствуваше натпреварувачката атмосфера како и спортскиот дух. На победниците им беа врачени пехари кои ќе ги украсуваат нивните училници како и пофалници и благодарници за сите екипи што учествуваа.