Предавање од ФИНКИ 2017


На ден 10.02.2017 година во рамките на Неделата на информатиката, а со цел промоција на информатиката како наука во ООУ„Крсте Мисирков“, Скопје се одржа стручно предавање на тема: Професија – компјутерски инженер, од страна на Проф. д-р Владимир Трајковиќ од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при УКИМ. Предавањето траеше еден училишен час и се спроведе пред 33 ученици од VIII и IX одделение, кои имаат афинитети кон информатиката како наука.

Проф. Трајковиќ зборуваше за предностите и предизвиците на професијата компјутерски инженер со посебен акцент на професијата програмер. Учениците се вклучија во дискусија за тоа што треба да се знае за да се креира робот, мобилна апликација и паметен дом. Предавањето ги побуди интересот и вниманието на учениците за оваа професија и учениците изразија интерес да го посетат ФИНКИ и неговите лаборатории.