Посета на Етнолошкиот музеј - Скопје на ден 16.03.2017 год. од Активот на првачиња и учениците од подрачното училиште во с.Брњарци Средбата со кустосите беше срдечен, а едукацијата и запознавањето со богатото културно наследство беше проследено со големо внимание од учениците. Особен интерес учениците покажаа на поставките кај народниот вез и народната носија, предметите од домаќинството, архитектурата на куќите во одредени делови на Македонија како и орнаментиката на народниот вез на килимите исткаени рачно на разбој. Работната прошетка заврши со желба за повторна средба наскоро, бидејќи учениците покажаа интерес и за уште една едукативна работилница во која ќе фарбаат јајце за Велигден и ќе моделираат предмети со глинамол (грнчарство). На враќање учениците евулираа впечатоци кои денес ги претставија во цртеж – “Што најмногу ми се допадна во изложбата од Етносот на Македонија?“