Меѓународен математички натпревар „Кенгур“ во ООУ„Крсте Мисирков“ – Гази Баба, Скопје, учебна 2016/2017 год. На ден 16.03.2017 год. (четврток) беше одржан меѓународниот математички натпревар „Кенгур“. На натпреварот учествуваа 80 ученици од II до IX одделение под менторство на активот на математичари и одделенските наставници од II и V одделение при ООУ„Крсте Мисирков“. Задачите за натпреварот беа исти на ниво на цела држава, а во училиштето беа доставени од Сојузот на математичари на Македонија. Одговорен настатавник за натпреварот беше Новакова Елена, а тестатори на натпреварот беа: Анета Смилевска, Сања Боцеска и Сања Станковска.