Посета од ООУ„Наим Фрашери“ – Тетово 2017 - 1


Со цел да развиваат вештини за соработка и комуникација со ученици од друга етничка заедница, но и да влијаат врз подигањето на еколошката свест на граѓаните за намалување на загаденоста во општините „Гази Баба“ и „Тетово“, ООУ„Крсте Мисирков“ склучи официјални партнерски односи со ООУ„Наим Фрашери“ од Тетово. Соработката беше одобрена и од Министерството за образование и наука, кое ќе ги финансира заедничките активности на двете училишта.

Училиштата на почетокот на годината воспоставија електронска соработка и се договорија да се фокусираат кон интеркултурна и интеретничка соработка преку низа активности насочени кон подигање на свеста на учениците и охрабрување во реализација на Проектот „Градиме заедничка иднина“, кој подразбира истражување на причините за загаденоста на двете општини и изготвување препораки до пошироката популација за заштита од загаденоста и превенција на здравјето, преку консултација на стручни лица и изработка на рекламен материјал – флаери и брошури.

Со оглед на темата која е предмет на оваа соработка, нашата прва средба се реализираше токму на Денот на пролетта и екологијата во ООУ„Наим Фрашери“ во Тетово. На втората средба учениците од ООУ „Наим Фрашери“ го посетија ООУ „Крсте Мисирков“ на ден 26.04.2017. На оваа прва средба присуствуваа по 16 ученици и по пет наставници од двете училишта. Од планираниот сет активности, на втората средба се реализираа две различни еколошки активности проткаени со мултикултурно учење и меѓуетничка соработка за учениците од двете училишта. Помалата група работеше на доработка на заедничкиот бунар, кој беше претходно подготвен од учениците од ООУ „Крсте Мисирков“, изготвија хамери за кровот на бунарот со еко пораки и засадија цвеќиња во бела и црвена боја.

Другата група со поголемите ученици, работеше на подготовка и изработка на еколошки флаери во електронска верзија.

По изведените активности сите ученици заедно со своите наставници го посетија локалитетот Тумба - Маџари каде ги пречека археолог што ја водеше турата и им даде потребни информации на учениците.

Задоволството на учениците беше видливо. Втората средба го зацврсти пријателство што се рефлектира и на високиот квалитет на изведените активности.