Велигденски хепенинг 2017 - 1


Традиционалниот Велигденски продажен хепенинг во нашето училиште оваа година се одржа на 12.04.2017 година со почеток во 17:00 часот во новата спортска сала.
Пред почетокот на хепенингот беа направени сите потребни подготовки за истиот да протече во најубава атмосфера.
Беа испечатени флаери-покани и истите доставени до родителите како и плакати кои ги користевме за информирање на пошироката јавност.
Училиштето и спортската сала каде што се одржа хепенингот беа пригодно украсени поставено озвучување со одбрана музика и безжични микрофони кои им овозможија на учените да се движат и комуницираат со посетителите.
Посетителите ги пречекаа учениците од Дневен престој, предводени од своите наставнички Тања Шипинковска и Јелена Димовска Блажевска, и со пригодна Велигденска песна и велигденски декорации им посакаа топло добредојде.
На Велигденскиот продажен хепенинг учениците учествуваа со свои најразлични изработки со Велигденски мотиви изработени самостојно или со помош на нивните родители и наставници. 
Секое оддделение имаше посебен штанд каде беа изложени нивните изработки, а посетителите на тој начин имаа можност да  си купат  изработки кои беа изработени од нашите ученици.
Посетеноста беше голема, енергијата завидна, насмевките и звуците на радост одзвонуваа во просторот.
Учениците од дневен престој исто така беа помеѓу посетителите и ги честеа со велигденски слатки и чоколада, обезбедувајќи атмосфера на добредојде, поврзаност и соработка.
Беа презентирани изработките од учениците кои учествуваа на конкурсот за најдобро декорирано велигденско јајце.
Посетителите ги поздрави и директорот на училиштето м-р Наташа Тргачевска - Мојсовски, а на наградените и пофалените ученици им ги врачи признанијата и наградите.