Посета на Претседателот 2017


Церемонија на свечена промена на државното знамe
На 13.04.2017 година (четврток) во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија се одржа церемонија на свечено менување на државното знаме.
На оваа манифестација присуствуваа и учениците од петто одделение од нашето училиште заедно со нивните наставнички, директорот на училишетето  и педагошката служба.
Ученичката Сара Тошевска го претстави нашето училиште, се  заблагодари за приемот  и  му го честита престојниот најголем христијански празник, Велигден и за спомен му предаде  мал скромен подарок изработен од  вредните и вешти раце на учениците.
Манифестацијата на промена на државното знаме е со цел подигнување на чувството и почитта кон знамето на Република Македонија како репрезент и симбол на државноста на нашата земја.