На ден 21 и 22 април 2017 година во нашето училиште се спроведоа низа активности по повод денот на планетата Земја кој во исто време беше и отворен еко –ден. На 21 април со учениците од предметна настава а на 22 април со учениците од одделенска настава во присуство на нивните наставници и родители кои изразија желба да учествуваат на активноста беше презентиран филм на тема климатски промени, кој беше изработен од нашиот ученик од VIII-1 одделение Матеј Пешев. Истиот ученик го презентираше филмот и својот стручен труд од областа метерологија. Филмот предизвика големо внимание кај учениците и низа прашања особено кај помалите ученици. Беа изработени и флаери „МИСЛИ ЛОКАЛНО – ДЕЛУВАЈ ГЛОБАЛНО“ и истите беа поделени на локалната средина. Учениците и од предметна и од одделенска настава засадија садници со цвеќиња и 7 садници со саксиско цвеќе „дрво на животот“ донација од наставниците.