На ден 28.04.2017 година ООУ„Крсте Мисирков“ беше посетено од страна на Matt Murrie, основач и извршен директор во компанијата What if...?. Matt Murrie е автор на книгата What if...? и основоположник на теоријата за учење базирано на љубопитност. На средбата со наставниците од училиштето Matt Murrie ја презенираше едукативната платформа Belouga и придобивките за наставниците и учениците од користење на истата. Belouga е бесплатна онлајн платформа која ги поврзува училиштата од цел свет. Целта на платформата е да ја поттикне интеркултурната комуникација и да им помогне на наставниците и учениците да комуницираат и соработуваат помеѓу себе. На наставниците од училиштето им беа презентирани можностите и начинот на зачленување во истата а беше постигнат и договор за одржување на обука за наставниците за користење на оваа мрежа во периодот кој следи. Matt Murrie спроведе и презентација за учениците со цел поттикнување на љубопитноста за постигнување на подобри едукативни резултати. Им ја претстави и својата книга What if... која во следниот период ќе биде публикувана и на македонски јазик. Она на што беше особено беше ставено акцент е како да се заинтересираат учениците за изучување на наставните предмети и за стекнување на знаења во согласност со наставните програми. Учениците активно учествуваа во дискусии и самите покажаа како начинот на поставување на прашања влијае на поттикнување на интересот и мотивацијата на учениците за активно учество на часот.