Понеделник 15.05.2017
Пoсета на Археолошкото наоѓалиште Стоби - Театарот, разгледување на црквата и крстилницата, полукружниот плоштад, Малата бања, Големата бања, Градската чешма, Куќите на најбогатите фамилии.
Следуваше кратка прошетка низ Прилеп. Ги разгледавме спомениците на Крале Марко, Методија Шаторов Шарло, чаршијата, паркот и се упативме кон споменикот на Могилата на непобедените.
Продолживме со патот до Крушево при што попатно беа разледувани: ниви, овоштарници, рамнината Пелагонија.
Детско одморалиште „Бегова Корија“- Крушево
По пристигнувањето, учениците беа запознаени со објектот и куќниот ред во него. По вечерата беше организирана забава „Покажи што знаеш“. Учениците ги покажаа своите способности и вештини и за тоа беа соодветно наградени со дипломи.
Вторник 16.05.2017
Се упативме кон градот Крушево, кон споменикот „Македониум“ и пред гробот на Никола Карев.
Потоа се упативме кон „Спомен куќата на Тодор (Тоше) Проески“.
По ручекот и попладневниот одмор следуваше пишување на извештај за посетените места и поважни информации за нив, цртање на истите, и творење.
Вечерашната манифестација беше избор на „Најлуда фризура“. Учениците се дружеа, пееја и се забавуваа.
Среда 17.05.2017
Спортско-рекреативни активности. Потоа се упативме кон градот Крушево. Тука, вниманието на учениците им го привлекоа стрмните и тесни сокаци и староградската архитектура на градот. Ја посетивме и куќата на Никола Карев и најстарата црква во градот „Св. Никола“.
Посета на Влашка црква „Свети Јован“, Споменик во чест на Тоше Проески, Леарницата за леење на куршуми за Илинденското востание - каде беше посетен занаетчискиот дуќан на дедо Миле бочварот.
Следуваа активности во училница: учениците пишуваа писмен извештај од посетените знаменитости, цртаа слики од посетените места, решија неколку текстуални задачи, а потоа се релаксираа со рекреатори кои им организираа спортски игри и натпревари во фудбал, кошарка и одбојка.
Четврток 18.05.2017
Прошетка до месноста Слива, собирање разни видови на цвеќиња и тревки за изработка на хербариум.
Запишување на впечетоците и импресиите од посетените локалитети, цртање, пишување песнички кои ги посветија на градот Крушево и неговите убавини.
Вечерта славевме роденден. Потоа следуваше доделување на дипломи за спортските и слободните активности.
Петок 20.05.2017
Последниот ден, по појадокот, учениците се подготвуваа за напуштање на објектот. Попатно, го посетивме: Споменикот„Мечкин камен“, во Прилеп ја посетивме фабриката Витаминка. Љубезните домаќини од Витаминка на секој ученик му подарија по едно пакетче од нивните производи.
Пред нашето училиште не пречекаа родителите и ни посака добредојде. Среќни и задоволни учениците си заминаа во своите домови.
Од 15.05.2017 до 19.05.2017година, активот на V одделенија од ООУ „Крсте Мисирков“, со вкупно 62 ученици, изведе настава во природа во Детското одморалиште „Бегова Корија“ во Крушево.