Еднодневен излет во св. Пантелејмон 2017 - 2


ЕДНОДНЕВЕН ИЗЛЕТ ВО МЕСНОСТА Св. ПАНТЕЛЕЈМОН - НЕРЕЗИ

На 19.05.2017 ООУ„ Крсте Мисирков“ организираше еднодневен излет во манастирот „св. Пантелејмон“ со учениците од I до IX одделение.

Излетот беше беспрекорно организиран. Во часот со организиран автобуски превоз се упативме кон предвидената локација. Временските услови беа идеални. За брзо време се створи пријатна атмосфера каде учениците се рекреираа со најразновидни активности и игри. Ја посетија црквата св.„Пантелејмон“ каде што во групи присуствуваа на едукативно предавање за манстирот. Беше задоволство да се гледа задоволството на нивните лица кои оддаваа целосна исполнетост. Покрај рекреативниот карактер на излетот оваа можност ја искористивме и нешто да научиме. Имено, дел од учениците по сопствена желба го посетија „МАКЕДОНСКО СЕЛО“ а под менторство на наставникот по географија Анета Чаковска и учествуваа на работилници за старите занаети и македонската традиција. Изработуваа накит од срма, грнчарија, за запознаа со разбојот и ткаењето, посетија ковачница... Предвиденото време за излетот помина за час и попладне во 14 часот видно задоволни се упативме кон училиштето.