На ден 04.09.2017 год. во нашето училиште ООУ„Крсте Мисирков“ наставата започна по предвидениот распоред. Во 9 и 30 часот училиштето организираше свечен прием на првачињата на првиот училишен час. За оваа пригода училиштето беше посебно украсено со пригодни декорации кои создадоа пријатна атмосфера и придонесоа чинот на поаѓање во училиште засекогаш да им остане врежан во сеќавањата на учениците како свечен и возвишен момент. Овој посебен момент и влезот во нова животна фаза на малите првачиња го збогати и присуството на градоначалникот на општина Гази Баба г-н Тони Трајковски, и претставници од општина Гази Баба, кој ги поздрави нови првачиња и им посака многу успех на патот до знаењето. Постарите другарчиња подготвија посебна програма со која ги поздравија и им посакаа топло добредојде на нашите нови ученици. На учениците им беа подарени посебно спакувани чоколадца со логото на училиштето и изработени беџови со нивните имиња кои засекогаш ќе им бидат спомен на првиот училишен ден, како и балони со хелиум кои придонесоа за насмевката на првиот училишен ден.