Светски ден на мирот 2017


21 септември - Светски ден на мирот

На 21 септември во нашето училиште пригодно беше одбележан Светскиот ден на мирот посветен на чистиот воздух под мотото чист воздух за здраво детство.

Нашето училиште се приклучи кон акцијата „За чист воздух“ со низа активности. Беа засадени нови садници во училишниот двор и истиот хортикултурно се уредуваше. Во холот на училиштето беше уредено пано со пораки за чист воздух како и литературни творби од нашите ученици и trash art изработки.

Беше прочитан реферат за значењето на чистиот воздух за животот на луѓето. Беше поставен полигон за велосипеди на кој се спроведе меѓуученички натпревар со велосипеди.