На 27 септември 2017 година во нашето училиште се спроведоа активности за одбележување на ДЕНОТ НА ЈАБОЛКОТО со цел да се зголеми свеста кај учениците за вредноста на јаболкото во здравата исхрана. Активност беше збогатена со посета на претставници од ПСУ Дом за стари лица „Руски“. Нашите ученици ги пречекаа гостите со насмеани лица. Најмладите и постарите во нашата општина ги споделија своите искуства преку едночасовно дружење во кое децата пееја песнички и пренесоа пораки за здравиот начин на живот, а додека постарите лица го пренесоа нивното искуство од животот. Беше прекрасно и емотивно дружење на двете генерации. На крајот од средбата заеднички играа и танцуваа на детските песнички. Нашите ученици им приредија пријатно изненадување: торта во форма на јаболко со која беа почестени во холот на училиштето. ЗДРАВАТА ХРАНА ГИ ПОВРЗУВА ГЕНЕРАЦИИТЕ.
Учениците вредно работеа под менторство на своите наставници и своите изработки ги изложија на штандот во холот на училиштето. Беше поставен и штанд со јаболка на кој учениците можеа да си купат по симболична цена јаболко и здрава храна од јаболко и со своите другарчиња да уживаат во благодетите на овој плод. Учениците од дневен престој имаа работилница во холот на училиштето каде со пластелин твореа на тема: јаболко.