Здрава храна 2017 - 4


По повод „16 ОКТОМВРИ СВЕТКИОТ ДЕН НА ЗДРАВА ХРАНА“, ООУ КРСТЕ МИСИРКОВ организира отворен ден – Саем на здрава храна со родители и ученици на тема: „ЗДРАВА ХРАНА - ПРИРОДАТА НИ ДАВА“ на ден 16.10.2017 во периодот од 12:00 до 13:00 часот.
Беа поставени штандови со здрава храна која потекнува од Р. Македонија а паноата соодветно исполнети со видови храна кои се карактеристични за различни предели.
Секое одделение имаше своја задача што да подготви за активноста:
I одд. - грозје
II одд. - лешници,ореви
III одд. - зачини 
IV одд. - пченка, сончоглед, семки, пуканки, леблебија
V одд. - слатко, мармалад, компот
VI одд. - чаеви
VII одд. - сокови цедени
VIII одд. - сендвичи
IХ одд. - тиква.
На штандовите покрај здравата храна доминираше и креативноста на нашите ученици.
Активноста беше посетена од група од градинката „25 - Мај“ - клон Сонце. Нашата активност беше збогатена со штанд на ВИТАЛИЈА и ПЧЕЛАРСТВО МИТРЕВСКИ кои на нашите ученици им ја доближија вредноста на здравата храна и преку презентации.
Поминавме еден прекрасен ден - самите изработивме, поделивме, изложивме и научивме дека нашата земја изобилува со богатство на здрава храна.
Бевме сите вклучени од 5 до 55 год. но и повеќе - најбитно е што се дружевме и сето тоа си го споделивме.