Регионален натпревар Детски семафор 2018


Во организација на РСБСП на 13.05.2018 година во ООУ „Војдан Чернодрински“ во Скопје се одржа регионален натпревар по сообраќај „Детски семафор 2018“. Екипата од нашето училиште беше составена од ученици од малата група: Вероника Ристовска од 5¹, Андреј Јанакиевски од 5, Анџела Тасева и Лука Давитков од 5 и голема група: Софија Тошевска од 7 и Стефан Ристовски од 7. На натпреварот учениците настапија под реден број 23, каде што прво решаваа тестови од сообраќај на компјутер, а потоа вешто возење на велосипед на полигон.

На натпреварот учениците освоија 2 место како екипа од Гази Баба, а поединечно Вероника Ристовска освои 4 место, Андреј Јанакиевски 5 место, Лука Давитков 3 место и од големата група: Софија Тошевска 3 место и Стефан Ристовски 2 место.

Ученичката Анџела Тасева од малата група - женски натпреварувачи освои 2 место на општина Гази Баба со што обезбеди учество на државниот натпревар.

Учениците беа задоволни од постигнатиот успех, со желба да обезбедат поголем успех и наредната година