Средното стручно училиште АСУЦ „Боро Петрушевски“ од Скопје, оваа учебна година започна со реализација на проектот „Безбедност во патниот сообраќај“ во соработка со основните училишта во градот. На 02.06.2018 година (сабота), со почеток од 9:00 во просториите на училиштето се одржа Отворениот ден и натпреварот „Безбедност во патниот сообраќај“. Натпреварот се одвиваше во две дисциплини – познавање на сообраќајни знаци и вешто возење на симулатор. Од нашето училиште присуствуваа 9 ученици и тоа: Матеј Пешев и Мирјета Аметовска од 9-1 одделение, Христијан-Мијалески Спасески, Кристијан Димитриевски, Каја Сладиновски и Валерија Михајловска од 9-3 одделение, Харис Табаковиќ од 9-4 одделение, Кристина Ристовска од 8-3 одделение и Дамјан Михајловски од 7-3 одделение. Учениците постигнаа голем успех, се пласираа меѓу првите 10 и освоија пригодни награди, а ученикот Христијан-Мијалески Спасески доби велосипед за освоено 1 место.