Национална акција за чистење на отпад 2018


На 15.09.2018 година и ООУ Крсте Мисирков преку соодветни активности се приклучи кон Националната акција за отстранување на отпадот.
Еко одборот, еко тимот, учениците од еколошката секција испланираа соодветни активности кон кои се приклучија и други ученици кои имаа желба да земат учество во активностите.
Учениците беа поделени во три тима: 
- Тим за отстранување на отпадот
- Тим за расчитување на делот околу компостот и освежување на истиот 
- Тим за разубавување на делот од дворот посветен на најмалите ученици.
Акцијата беше прифатена и успешно изведена од страна на наставниците, учениците и мал број на родители.