Разговор со Маја Виденовиќ и Оли Олтманс


Активности од e-twinning проектот: Гостување на Телевизија 24 Вести

Проектот - APPic Learning, има за цел развој на дигитални вештини и компетенции кај учениците. Во проектот вклучени се училишта од Македонија, Полска,  Германија и Естонија и е дел од Erasmus+, акција KA2 - Соработка за иновација и размена на добри практики во областа на училишно образование. Фокусот на проектот е поврзување на дигитализацијата и образованието преку користење на апликации за учење и на тој начин зајакнување на интересот и мотивацијата на учениците за наставниот процес. Во рамкiте на проектот ќе се изучуваат разни апликации кои може да се искористат во наставниот процес.