Проектот Училишна градина - училница на иднината, во соработка со Слоу Фуд Водно, продолжува и во услови на пандемијата со Ковид 19. Координаторот на училиштето Славица Зафировска одделенски наставник, е во постојана комуникаија и соработка со членовите на Слоу Фуд Водно и пошироко преку работилници кои се одвиваат онлаин преку zoom апликацијата. По повод завршетокот на проектот е издадено списание наречено „Полжавче“- во ова списание има место и за нашето училиште.