Извештај за учество во проект: „Математика за сите – математички кружоци за ученици од основните училишта“ Во периодот од мај до декември 2020 година се реализираше проектот “Математика за сите – математички кружоци за ученици од основните училишта”. Проектот беше организиран од Сојузот на математичари на Македонија, а беше поддржан од општина Гази Баба. Целта на проектот беше да се работи со талентирани ученици по математика од IV до IX одделение. Проектот се состоеше од два дела: Учесници во проектот: IV одделение 1. Илина Димитриевска V одделение 1. Нина Ѓорѓиева VI одделение 1. Стефани Стефановска VII одделение 1. Теодора Стојчевска VIII одделение 1. Оле Мишевска IX одделение 1. Сара Тошевска Наставници: Анета Смилевска
- Првиот дел се состоеше од обука на наставниците на програмата “Наставни методи и техники за настава во математичките кружоци” (мај 2020 – август 2020) кој даде особен придонес за успешна реализација на проектот, но исто така и за професионален и стручен развој на наставниците.
- Во вториот дел наставниците реализираа часови во еднаш неделно во времетраење од 45-60 минути на платформата Zoom во рамките на оформените „Математички кружоци“ (септември 2020 – декември 2020).
Во проектот учествуваа околу 400 ученици од сите 11 основни училишта од општината. Од ООУ „Крсте Мисирков“ – Скопје во проектот се вклучија вкупно 33 ученици заедно со наставниците: Анета Смилевска и Елена Новакова. Нашето училиште се вклучи во проектот така што оформи математички кружок заедно со ООУ “Дане Крапчев”. Во нашиот кружок беа формирани 6 групи (IV, V, VI, VII, VIII и IX одделение) со ученици од двете училишта кои еднаш неделно одржуваа час по математикa. Материјалите ги подготвија проф. Д-р Ирена Стојковска, проф. Д-р Валентина Миовска и проф. Д-р Анета Гацовска Барандовска - професори од Природно – математичкиот факултет и членови на Сојузот на математичари на Македонија, а часовите беа реализирани од страна на предметните наставници по математика од двете училишта. Предавањата траеја 15 седмици, од кои 14 седмици беа предвидени за усвојување на нови знаења, а последната седмица се спроведе тестирање за реализираниот материјал.
Учениците кои ги посетуваа математичките кружоци имаа можност да ги продлабочат и прошират математичките знаења, да развијат нови, современи и применливи математички вештини и да изградат позитивен став кон математиката и сродните науки како основа за нивен можен избор како идни професии.
2. Дамјан Јакимовски
3. Горјан Јанакиевски
4. Бојан Наумов
5. Зорица Ристовска
6. Антонија Петковска
7. Никола Здравковски
2. Христијан Арсов
3. Стефан Давитков
4. Никола Стамчевски
5. Теона Чаковска
6. Марко Манојловски
7. Давид Маневски
8. Ангела Поповска
2. Бисера Дрндар
3. Ања Симоновска
4. Филип Костов
5. Хамза Резма
2. Александра Поповска
3. Марија Мишевска
4. Матеј Георгиевски
5. Даниел Петров
6. Марија Миленковска
2. Лука Трајковски
3. Михаела Стефановска
4. Лука Давитков
2. Андреј Алчев
3. Никола Блажевски
Елена Новакова