Извештај од учество на учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Скопје на училишен натпревар по англиски јазик На ден 18.02.2021 година со учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Скопје, се одржа училишен натпревар по англиски јазик. Натпреварот беше одржан online преку Microsoft Teams. Тестот се спроведе преку апликацијата Microsoft Forms. Натпреварот беше организиран со цел да се направи селекција на учениците кои ќе учествуваат на акредитираните натпреварите по англиски јазик за основните училишта. Имено, на 20.03.2021 година од страна на акредитираното здружение - Асоцијација на наставници по англиски јазик и книжевност - ЕЛТАМ е организиран општински натпревар. На училишниот натпревар учествуваа десет ученици од VII одделение и осум ученици од IX одделение. Учесниците претходно пополнија онлајн пријава за учество. Тестот за натпреварот содржи вежби од материјалот согласно наставната програма за VII и IX одделение. Наставникот детално ги објасни правилата на натпреварот како и упатствата за решавање на тестот. Со цел натпреварот да биде целосно објективен, учесниците наместо со своето име и презиме тестот го потпишаа со код. Текот на натпреварот помина во најдобар ред. На 18.02.2021 комисијата одговорна за спроведување на истиот оставри online средба и се пристапи кон прегледување на тестовите на учениците. Секој тест беше прегледан од страна на секој член на комисијата, со цел да не се направи некаков пропуст. По завршување на состанокот, резултатите од училишниот натпревар беа истакнати на facebook страната на училиштето. Пласирани ученици на општински натпревар по англиски јазик се следните: VII одд. – Горазд Стоимановски и Кристијан Матески IX одд. – Јана Стојчева и Тамара Георгиева Училишниот натпревар беше добро прифатен од страна на учениците. Освен желбата за учество, кај нив се разви и натпреварувачкиот дух како и мотивација за поголем успех во иднина. Наставник по англиски јазик Фросина Алексовска Резултатите и записникот од натпреварот можете да ги прогледнете на следните линкови: