ИЗВЕШТАЈ ОД УЧИЛИШЕН НАТПРЕВАР ВО 8 ОДДЕЛЕНИЕ ПО ФИЗИЧКО И ЗДРАВСТВЕНО ОБРАЗОВАНИЕ
Во рамките на воннаставните активности согласно со календарот, во периодот од 10.02.2021 до 15.03.2021 во нашето училиште е спроведен натпревар на ден 01.03.2021 со време на одржување од 10:30 до 11:30 часот во 8 одделение по физичко и здравствено образование натпревар во индивидуален полигон кошарка, фудбал и атлетика“. На натпреварот имаа право да учествуваат сите ученици од 8-то одделение.Полигоните по кошарка, фудбал и атлетика беа однапред подготвени на надворешното игралиште и школската сала со сите протоколи за заштита од COVID - 19.
Најдобро време од трите полигони имаше Дамјан Здравески од 8 – 1 одделение со време од 79.59 секунди на второ место се најде Марија Маневска од 8 – 3 со време 100.25 секунди а третото место го завзема Христијан Маневски од 8 – 3 со време од 114.29 секунди.
На учениците кои освоија 1,2,3 место на училишниот натпревар им честитаме, а на сите ученици им посакуваме среќа и успех во понатамошните натпревари!!!
Комисија во состав:
Наставник: Бобан Величковски
Наставник: Александар Цветковски
Наставник: Дејан Ангеловски
Одговорен наставник:
Бобан Величковски
01.03.2021, Скопје