Извештај
онлајн училишен натпревар по физика со ученици од 8 и 9 одд.
Во рамките на училиштето се организираонлајн училишен натпревар по физика со ученици од 8 и 9 одделение. Учениците од 8 и 9 одд имаа можност да се пријават на натпреварот кај предметниот наставник по физика со пополнување на електронска пријава. Во пријавата воедно имаше и напаствија за содржината на натпреварот која произлезе од разговорот со учениците како и за начинот на оценување. На натпреварот се пријавија два ученика од 9 одделение: Сара Тошевска од 9-1 и Тамара Георгиева од 9-1.
На 05.03.2021 година (петок) се реализираше училишниот натпревар по физика. Натпреварот се реализираше онлајн на платформата Microsoft Teams со почеток во 10:30 часот. На натпреварот натпреварувачите го бранеа и демонстрираа домашниот труд.
Резултати од училишниот натпревар по физика:
Натпреварувач
Одд.
Тема
Наслов на домашниот труд
Освоени бодови од можни 100 бода
Освоено место
Сара Тошевска
IX-1
Сили и движење
Скокна повисоко
92
I (прво)
Тамара Георгиева
IX-1
Сили и движење
Закон за лост и урамнотежување на лост
81
II (второ)
Голема благодарност до учениците за учеството на натпреварот!
Наставник: Анета Топалова