Конкурс за избор на првенец


ТИМОТ ЗА ПОФАЛБИ И НАГРАДИ ВО
ООУ „КРСТЕ МИСИРКОВ“, СКОПЈЕ
РАСПИШУВА
 
КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ПРВЕНЕЦ
На генерацијата 2012/2021 година
 
Врз основа на Правилникот и Критериумите за избор на првенец на генерација, како и Постапката за избор на првенец, Тимот за пофалби и награди во ООУ „Крсте Мисирков“, Скопје го распишува конкурсот за избор на првенец на генерацијата 2012/2021 година. Конкурсот трае во периодот од 04.05.2021 до 31.05.2021 година.
 
Право на учество имаат учениците од деветто одделение кои ги исполнуваат условите според критериумите за избор на првенец. Учениците треба да ги достават до одделенските раководители следните документи:
  • Лична биографија
  • Фотокопија од пофалници за успех и поведение, дипломи за освоени награди на натпревари и потврди за учество во вонннаставни активности
  • Потврда потпишана од одделенскиот раководител за успехот и поведението на ученикот
Нецелосните и ненавремено доставените документи нема да бидат разгледувани од Комисијата.