Ликовен натпревар на тема „Роботи и вештачка интелигенција“ Во периодот од 10.02.2021 до 15.02.2021 во нашето училиште спроведен е ликовен натпревар на тема „Роботи и вештачка интелигенција“ меѓу учениците од 6-то до 9-то одделение. Од пристигнатите 35 ученички творби, за избор на најдобрите три пристигнати творби одлучуваше тричлена комисија составена од наставници од училиштето. Комисијата имаше навистина тешка задача да ги избере најдобрите три, пред се поради високиот квалитет на пристигнатите творби. Како најдобра ликовна творба е избрана творбата на Ана Јакимовска од 8-2 одделение со кое го освои првото место со творбата “Cyber tiger”, на второто место се најде творбата “Love that was sadly never truly meant to be…” на Јована Цветковска од 9-2 одделение, а третото место го поделијаИва Неделковод 8-2 со творбата “Elo”, Петар Цветковски 8-1 одделение со творбата “Generations through space” и Мила Бошковиќ од 7-1 одделениесо својот “Robot”. Творбите на наградените, но и творбите на останатите ученици кои учествуваа на овој натпревар, ќе продолжат да се натпреваруваат на престижниот 49-тиот Меѓународeн ликовен конкурс Лидице 2021, кој се одржува секоја година во Меморијалниот центар Лидице, Чешка Република. На учениците кои освоија награди на училишниот натпревар им честитаме, а на сите ученици им посакуваме среќа и успех во понатамошните натпревари!!!