Обука за наставниците за поквалитетно оценување на учениците


Како дел од континуираниот професионален развој на наставниците, на 28.01.2022 во ООУ „Крсте Мисирков“ Скопје се одржа обука за наставниците за поквалитетно оценување на учениците. Обуката ја организираше наставникот ментор Маја Виденовиќ и на истата присуствуваа наставници приправници, но и други наставници кои беа заинтересирани за продлабочување на нивните компетенции во поглед на оценувањето на учениците. Беше дискутирано за различни форми и методи на формативно оценување, изготвување на инструменти за оценување, изготвување на тестови на знаење, како и сумативно оценување на учениците.