Презентација: Користење на технологијата за зголемување на интересот и мотивацијата на учениците


На 06.03.2022, наставникот по информатика Маја Виденовиќ го презентираше начинот на користење на технологијата за зголемување на интересот и мотивацијата на учениците на часовите по информатика, но и на училишно ниво, како дел од TED Collaboration Corner 2022. TED Collaboration Corner е заедница на наставници од Европа и Сединетите Американски Држави кои, како дел од Програмата за прекуатлантски дијалог, разменуваат искуства и идеи за подобрување на квалитетот на образованието. Наставникот по информатика ги сподели искуствата од користење на технологијата при реализација на наставата во ООУ „Крсте Мисирков“ Скопје, со што беше извршена промоција на начинот на реализација на наставата во училиштето на европско ниво и пошироко.

За време на презентацијата се дискутираше за важноста на технологијата во образованието, начините за нејзино користење за побудување на интересот и мотивацијата на учениците за наставата, како и големиот број на дигитални алатки кои можат да се искористат во таа насока. Притоа беа споделени веќекреирани материјали и активности и ефектот од нив при реализацијата на наставата. На краот на презентацијата, наставниците учесници на настанот ги споделија своите искуства во користење на технологијата во наставата и се разви дискусија за придобивките од истите за подобрување на квалитетот на наставата.