Во периодот од 07.03.2022 до 11.03.2022 година како дел од Learning/Teaching/Training Activities, во рамките на Erasmus+ проектот, KA2 - Соработка за иновации и размена на добри практики, APPic Learning, беше реализирана онлајн мобилност на ученици со партнер училиштата во проектот. Учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ (9 ученици од VIII и IX одделение), заедно со ученици од Полска и Германија учествуваа во петдневни активности користејќи ја апликацијата Microsoft Teams. Оваа мобилност требаше да се реализира како размена на ученици во Варшава, Полска, но заради ситуацијата со Ковид-19 истата се реализираше онлајн. Поздравен говор до сите учесници имаа директорите на училиштата, како и претставници од општините. Учесниците ги поздрави и градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски. На почеток учениците користеа технологија за да се претстават себеси, своите училишта и држави, преку креирани Tick-Tock видеа, мултимедијални презентации, Kahoot квизови и дискусии на Padlet (Let's meet (padlet.com)). Исто така се реализираа и голем број на виртуелни посети на знаменитости во Варшава, со цел да им се доближи културата на Полска на учениците од другите држави. Притоа учениците изработуваа и статуи од рециклиран материјал за конкретна знаменитост од Варшава. Пред настанот учениците од различни држави дискутираа со наставниците кои предаваат СТЕМ предмети во нивните училишта и изготвуваа кратки интервјуа за тоа кои се придобивките од одредени СТЕМ професии и истите ги презентираа за време на мобилноста. Во текот на една недела се реализираа голем број на активности, кои имаа за цел користење на мобилни апликации за учење во рамки на СТЕМ предметите. Беа разгледувани и искористени неколку мобилни апликации за стекнување знаења од СТЕМ областите, како Geo Expert (за географија), Human body 3D (за изучување на делови од човечкото тело), PlantNet (за изучување на растенија). Откако учениците ги проанализираа конкретните апликации истите ги издвоија предностите и недостатоците од истите и на тој начин направија евалуација на секој апликација издвојувајќи ги оние кои би им биле од најголем интерес за изучување. Особено акцент беше ставен на користењето различни апликации за изучување на хемија, користење на интерактивни видеа во наставата по хемија, како и виртуелна посета на музејот Марија Кири Склодовска во Варшава. Некои интересни линкови кои беа искористени за време на мобилноста: Edpuzzle, Science - BrainPOP, Science Dictionary - Online Science Term Finder (thesciencedictionary.com), (1) Fun Science - YouTube , (1) Design Squad Global - YouTube, rain It On! on the App Store (apple.com), Rocket Crane on the App Store (apple.com), Physics Sandbox 2D Edition on the App Store (apple.com). Учениците имаа и виртуелна работилница од вработени во Copernicus Science Center каде се дискутираше за најразлични теми од физика како рамнотежа, пловење на бродови, товар на бродови и слично. Работилницата беше интерактивна и учениците земаа активно учество во истата. Мобилноста успешно беше реализирана иако се спроведуваше онлајн. Учениците беа задоволни од стекнатите знаења и увидувањето на можностите дека мобилните телефони може да ги искористат за учење, што го побуди нивниот интерес и мотивација за стекнување на нови знаења од СТЕМ предметите.
Извештај
од реализирана онлајн мобилност на ученици
во рамките на Erasmus+ проект APPic Learning