Одбележување на Европскиот ден на јазиците


По иницијатива на Советот на Европа, Европскиот ден на јазиците се слави секоја година од 2001 година на 26ти Септември.

Почитувањето на јазичната разновидност е темелна вредност на ЕУ. Повелбата за основните права на ЕУ забранува дискриминација врз основа на јазикот и ја обврзува Унијата да ја почитува јазичната разновидност.

И во нашето училиште  се одбележува овој ден со цел да се промовира јазичната писменост и интерес кон европските јазици. Така и оваа година учениците повеќе се приближија кон спознавање на други култури и јазици, но и негување на сопствениот јазик и традиција. И оваа година беа ангажирани за изработување хамери, фрази и цртежи кои ги преведуваа на повеќе јазици и истите ги истакнавме на паноата во училиштето. Преку изработките учениците сакаа да ја пренесат пораката за важноста од учење јазици и интеркултурното разбирање и почит.

Фотографиите можете да ги погледнете на следниот линк: