Учество на учениците во активности во рамките на проектот „Користење на игри за учење за сајбер-безбедност и справување со дезинформации“


Учениците  Tеодора Стојчевска, Кристијан Матески, Калина Ацевска, Бисера Дрндар, Мила Петковска и Ања Симоновска од ООУ „Крсте Мисирков“ Скопје земаа активност во завршните активности во рамки на проектот „Користење на игри за учење за сајбер-безбедност и справување со дезинформации“ кој го реализира Центарот за иновации и дигитална едукација Диг-Ед.

Учениците од нашето училиште креираа едукативни игри со карактери од 5+ фамилија на тема сајбер-безбедност и справување со дезинформации и изготвија интро видеа за овие игри. Горди сме на учениците кои со огромен ентузијазам и упорност работеа на овие едукативни материјали кои понатаму ќе можат да ги искористат наставниците и учениците од целата држава.

Повеќе за активностите во кои учествуваа нашите ученици може да прочитате на следниот линк: Креирани интро видеа за игрите во Scratch со карактери од 5+ Фамилија на тема „Сајбер-безбедност и справување со дезинформации“ - Center for Innovations and Digital Education DIG-ED