Во текот на месец септември часовите по хемија и биологија беа исполнети со интересни и забавни активности, преку кои учениците од 8 и 9 одделение успешно ги постигнаа целите од предвидените наставни содржини. Преку експерименти со супстанци од секојдневието сега вешто прават разлика помеѓу тело и материја, дифузија наспроти осмоза, гасен наспроти атмосферски притисок. Демонстираа Корпускуларна теорија на честичките. Користејќи свежи листови и готови ботанички препарати се запознаа со внатрешната градба на растенијата. Интересот и активното учество на учениците е на високо ниво.