Во месец септември се реализираа работилници со цел воведување во работни задачи кои бараат поголема самостојност, истрајност и доследност на ученичките обврски. Работилниците се спроведуваа секој вторник пред или после часовите како воннаставни активности со ученици од 8 и 9 одделение. Темите кои се обработуваа беа запознавање со лабораториски прибор, негова примена, правила на однесување во хемиската лабораторија, запознавање со лековитите својства на билките во Република Македонија, истражување на локалната средина и собирање на истите. Интересот на учениците во овие работилници е на високо ниво.