Стручно предавање по хемија


На ден 13.10.2022 година, во кабинетот по хемија се одржа предавање во рамките на Стручен актив, природно - математичка група. Тема на предавањето беше Хемија на природните масла и нивна сапунификација.  Во теоретскиот дел говоревме за хемијата на процесот, природните масла кои се користат и нивно добивање од лековити билки кои се  распространети во нашата земја. Се разработи секој дел од постапката и процесот:

- Што се сапуни
- Кој ја диктира сапунификацијата
- Како да направиме успешна формула за квалитетен сапун
- Што е Натриум хидроксид
- Во кој сооднос се јаката база и течноста
- Какви масла/масти користиме
- Потребно време од план до готов производ
- Потребна опрема за работа
- Испитување на pH на сапуни

Во практичниот дел направивме сапуни со одличен квалитет.