На 28.10.2022 двете секции, Франкофонска цивилизација и Хемиската секција, реализираа заедничка активност - Подготовка на бретонски палачинки. Бретонските палачинки се подготвуваат со јаболка и карамела, па затоа успеавме да ги споиме двете секции за да го објасниме процесот на добивање на карамелата од шеќер. Оваа "слатка" активност ја заокруживме со дегустација на бретонските палачинки и шеќерни лижавчиња.