Учениците од хемиска секција ги продлабочија своите знаења околу најдрагоцената течност за човештвото - Вода. Тие научија што значи постојана а што непостојана бигорливост. Дискутиравме околу добрите и лошите влијанија на бигорливата вода и како истата делува на нашето здравје. На крајот испитуваа нетретирана вода наспроти дестилирана вода и ја потврдија теоријата со пракса.