Креативноста на учениците во наставата по ликовно образование не запира. Повторно учениците од 6-то до 9-то одделение создаваа творби со кои ќе земеме учество на меѓународната изложба на детски и младински ликовни творби која ќе се отвори во Скопје во месец декември. Во најразлични ликовни техники ќе се обидеме да добиеме и награда! Во прилог се неколку испратени ликовни творби и список на учесници од нашето училиште.