ФАО конкурс за постери за Светскиот ден на храната 2022


Од Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) секоја година на 16 октомври #Светскиот ден на храната #WorldFoodDay се одбележува во околу 150 земји за да инспирира промени кои ќе придонесат за подобра, поодржлива иднина, каде секој ќе има пристап до доволно квалитетна храна за да води активен и здрав живот.

11-тото издание на ФАО конкурсот за постери за Светскиот ден на храната беше отворен за ученици ширум светот на возраст од 5 до 19 години.

Нашето училиште се приклучи на оваа активност и во наставата по ликовно образование и слободните ученички активности по предметот ликовно образование ги насочи учениците од 6то до 9-то одделение да ја искористат својата имагинација и да креираат цртеж прикажувајќи свет во кој никој не е изоставен и секој, секаде има пристап до доволно хранлива храна. Учениците создадоа огромен број на творби, од кој по пат на селекција испративме 23 ученички творби, а во прилог се неколку од нив. Во прилог е и списокот на ученици кои учествуваат на ликовниот конкурс.