Посебна чест и задоволство ни претставува што нашето училиште "Крсте Мисирков" - Скопје беше единствено училиште кое беше дел од еден посебен настан, Традиционален - македонско словенечки појадок. Во организација на Слоу Фуд и словенечка амбасада, кој се одвиваше во ресторанот - Ореов лад - Скопје.
Бевме претставници и промовители на нашата Училишна градина, како дел од проектот "Училишна градина - училница на иднината", заедно со координаторот на проектот наставничката Славица Зафировска со учениците од III-3 одд.