Учество на Детски Парламент


Тим од нашето училиште составен од учениците Теодора Стојковска IX-1, Марија Мишевска IX-2, Калина Ацевска IX-2, Михаил Николовски IX-3 предводени од наставничката по историја и граѓанско образование Десанка Ѓорѓиевска учествуваа на 10-от Детски Парламент организиран од Парламентарниот институт на Републичкото Собрание каде имаа можност одблиску да се запознаат со пратениците во Парламентот и со нивната работа.

Целта на одржување на оваа едукативна активност е приближување на работата на Собранието на Република Северна Македонија и процесот на донесување на закони до младата популација, што ќе придонесе за развивање на нивната свест за демократијата и ќе ги поттикне и подготви за општествена и политичка критичност и вклученост. Учениците заедно со нивните врсници од 14 други училишта од целата држава дискутираат на ТЕМА: ЗАМЕНА НА ХАРТИЕНИТЕ УЧЕБНИЦИ СО ЕЛЕКТРОНСКИ. Го претставија и својот труд т.е. стих, мисла, порака за книгата.

Ви благодариме што го претставивте нашето училиште и го собравте воодушевувањето на сите присутни.